Press "Enter" to skip to content

Општинскиот Сојуз на спортови ќе ги избере најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2022, пријави до 6 февруари

-Сојузот на спортови на Битола и оваа година ќе ја продолжи повеќе децениската традиција на избор на најдобри спортисти и спортски екипи на Битола, ќе ги избира најдобрите за 2022 година.

Врз основа на Одлуката на  Управниот одбор, Општинскиот Сојуз на спортови на Битола ги известува сите битолски спортски клубови кои се членови на Општинскиот Сојуз дека ќе се одржи традиционалното свечено прогласување на најдобрите спортисти и екипи во 2022 година, и тоа:

-10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција,

-10 најдобри млади спортисти до 18 години,

-3 најуспешни екипи во сениорска и

-3 најуспешни екипи во младинска конкуренција, –

-најуспешен спортист од ССРИ-Битола.

Врз основа на предлозите на членките на Сојузот на спортови изборот се врши Рангирањето  се врши согласно критериумите утврдени од страна на УО на Сојузот.

Напомена: предлозите (со потребните прилози дипломи, билтени сл.) ДА СЕ ДОСТАВУВААТ најдоцна до 6 февруари 2023 година на портирница – “Булевар 1 ви мај“ бб (зграда на поранешен Извршен совет, Булевар 1-Мај бр. 200.

САМО ПРЕДЛОГОТ (без прилози) да се достави и по електронски пат на е-маил: ossportovibt23@gmail.com

За местото и датумот на свеченото прогласување ќе бидете известени дополнително. 

More from СпортMore posts in Спорт »