Press "Enter" to skip to content

Валтер по поразот во Нашице: тешко со две исклучувања против Нексе

Еурифарм Пелистер од Битола синоќа во Нашице го забележа вториот пораз во СЕХА-лигата, тренерот Ларс Валтер на официјалната прес конференција по завршување на натпреварот против Нексе рече дека клучниот момент бил кога “пелистерци“ имале само четири играчи во поле, по добиени две исклучувања.

-Најпрво, сакам да му честитам на домашниот тим за победата и добриот меч. Видливо е дека ние имаме проблеми со повреди. Клучниот момент беше кога добивме две исклучувања. А едноставно не можеш да преживееш така против одличен тим како Нексе. Среќен сум што се враќавме во мечот во два наврати. Имаме долго патување пред нас, а потоа следат два дена одмор кои ќе ги искористиме за анализа пред мечот во Данска, изјави Валтер.

Еурофарм Пелистер во маарт ќе игра две средби во СЕХА-лигата на домашен терен, против истите ривали – Војводина и Нексе, по кои ќе биде познат конечниот пласман на Еурофарм Пелистер пред разигрувањето.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »