Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките стартуваа со дерби на двете најдобри екипи во Втората лига, Митковски очекува да се “гине“ во Штип

Денес со гостувањето во Штип на одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола започнува пролетниот дел во кој ќе го потврдат пласманот кој ќе го врати во Првата лига, а љубителите на одбојката во Битола ќе ги гледаат најквалитетните екипи.

Тренерот на Пелистер Волеј пред стартот на денешниот натпревар за тоа што очекува од оваа полусезона вели:

-Можам да кажам дека за прв пат, доста стрпливо го очекувам продолжението на вториот дел од сезоната, односно стартот закажан за денес, а тоа произлегува од нашата зрелост и прагматичен пристап после долги години искуство, кое е градено со огромен број на натпревари, па ако сакате и дерби натпревари, што секако ги има во изобилство во низата сезони зад нас. Во сабота се игра дерби на пролетниот дел во лигата, а нашиот Пелистер Волеј нема што да загуби и гостува во Штип кај лидерот на табелата од кого го претрпивме единствениот пораз во есенскиот дел од сезоната, па тоа е практично “судир” на двете првопласирани екипи, претенденти за враќање во елитата. Нормално, фаворитската улога им ја препуштаме на екипата од Штип, а за нивната екипата знаеме дека е одлично вклопена, долги годинк се заедно и конечно покажуваат одличен квалитет што се покажа и во оној прв дуел во кој загубивме со 1:3.

Исто така знаеме дека неуморно работат и се подготвуваат за саботниот дуел кој веќе го најавија низ медиумите и очекуваат полна сала во која сигурно како и нас очекуваат победа. Она што во моментот го краси нашиот тим е големата сплотеност, одличната енергија и хемија која екипата ја стекна во припремниот период, во кој работевме макотрпно и напорно, како во теретана така и во сала. Екипата беше компактна во текот на целиот припремен период, но под знак прашалник се два стандардни играчи, што секако малку ни ја отежнува работата, ама кога се работи за дерби дуел, искрено очекувам максимум од сите, дури и над своите можности од секој играч во саботниот дуел. Едноставно очекувам да се гини на пеколниот дуел во Штип, да покажеме зошто за нас не постоеја празници и одмор, зошто фрламе се на една карта, не како поединци, туку како колектив, кој сложно размислува за секоја победа, неделејќи ги победите на повеќе или помалку важни, зошто секој успех е подеднакво важен за остварување на крајната цел, која и тоа како е долга и далечна и не би сакал уште од сега тоа да го носиме како терет или математичка опција. Она што апсолутно и единствено заслужува внимание, е како на утрешниот тренинг да бидиме подобри од денешниот, како оваа екипа уште повеќе да ја зајакни својата самодоверба и како да верува во себе и во она што неуморно го работиме секој божји ден.

Одигравме два супер дуели против силната екипа на Јанта Волеј од Скопје, прв пат без присуство на публика, а особено радува онај вториот во Битола во кој покажавме дека нашата екипа има огромен потенцијал и дека несомнено ќе оди во нагорна линија. Ако ме прашувате што прогнозирам до сабота, секако, без сомнение желбата е победа.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »