Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Оливера Наковска – Бикова спортист на Битола за 2012 година (фотогалерија)

Во ресторанот “Белведере“ на почетокот на февруари во организација на Сојузот на спортови Битола беа доделени признанијата за најдобрите поединци и екипи за 2012 година, а за спортист на Битола беше прогласена Оливера Наковска – Бикова, освојувач на златниот медал во стрелаштво на Параолимпијадата во Лондон, како и поставувањето на нов светски рекорд, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Годината која измина дефинитивно беше најуспешна година во мојата богата спортска кариера. Успехот во Лондон е мојот животен успех, најдоброто постигање. Особено ме радува наградата во мојот град и сакам да им се заблагодарам на сите што ја донесоа
оваа одлука, рече тогаш Оливера Наковска – Бикова.Второпласирана беше Гордана Цветковска – Бошевска за бронзениот медал на Европското првенство во кик-бокс, а третопласиран беше Борче Костов, државен шампион во мотокрос и втор во ендуро конкуренција, кој имаше и одлични настапи во Бугарија, Грција, Србија и Албанија.ЖФК Топ гол беше прогласена за најдобра сениорска екипа, второпласирана е екипата на
Мотостарс, која е прогласена за најдобра екипа во државата за мотокрос, а третопласирана е екипата на ЖРК Пелистер. Комисијата и Управниот одбор не ги рангираше успесите на младите спортисти, туку на сите им додели рамноправни награди, како мотив за напредок во спортот, како и младински екипи на ЖФК Топ гол, ФК Пелистер и РК Пелистер кои добија рамноправи награди.Беа доделени наградите за битолските тренери кои водат национални селекции Звонко Шундовски, селектор на машката сениорска селекција.Посебни признанија добија Тодор Кулевски, долгогодишен фудбалски работник во ОФС Битола и Планинарско-спортскиот клуб Пелистер за возобновување на Пелистерскиот велеслалом и рестартирањето на жичарницата од Бегова чешма до Копанки.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »