Press "Enter" to skip to content

Стевче Георгиевски и македонскиот клуб “Битола“ од Сиднеј со изненадување за атлетичарите на Олимп

Легендата на битолската и македонската атлетика, член на битолскиот Атлетски клуб Олимп од неговите почетоците, битолчанецот Стевче Георгиевски, кој денес живее во Австралија со иницијатива на една од средбите во Македонскиот клуб “Битола“, во Сиднеј да собере средства за поддршка на овој битолски клуб, со кој постигнал незаборавни успеси.

Со поддршка на битолчаните кои го формирале клубот во Сиднеј и организираат бројни активности со кои ги одржуваат релациите во спомен на родната Битола, собраа средства кои деновиве пристигнаа како изненадување до АК ОЛИМП.

Да потсетиме, Стевче до неодамна беше македонскиот рекордер на 5000 метри и таа титула ја носеше многу години. Тој, заедно со тимот од ТРЧАЈ БЕ се погрижи и победниците на 5К трката во машка и женска категорија да добијат парични награди во чест на неговиот рекорд.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »