Press "Enter" to skip to content

Ларс Валтер, тренер на Еурофарм Пелистер: работевме со добар ритам, треба да го сопреме контра нападот на Архус

Вчера вечер ракометарите на Еурофарм Пелистет го одработија официјалниот тренинг пред првиот пролетен натпревар од групната фаза од Лигата на Европа, а тренерот Ларс Валтер на располагање имаше и дел од повредените ракометари. По долга пауза во комбинација за настап се Мартин Велковски и Мохамед Суси, а својата нова екипа од трибините ќе ја гледа Каспер Кисум, кој в среда ќе пристигне во Битола и ќе биде претставен како нов ракометар на Еурофарм Пелистер. 

Тренерот Валтер за денешниот натпревар рече:

-Последните денови во Битола работевме со добар ритам и момците кои беа надвор од тимот почнуваат да го фаќаат тој ритам. Видливо беше дека ни недостига такво темпо на претходните два натпревари. Против Нексе беше нешто подобро, но мора уште малку да се подобриме. Работевме одлично и тоа веќе изгледа солидно, во Данска сакаме да одиграме добро и да донесеме бодови од таму. Квалитетот на данската лига е неверојатен. Викендов Архус загуби од вториот најслаб тим во лигата и тоа покажува дека секој тим може да освои бодови против секого во данското првенство. Сепак, Архус Скандеборг игра добра сезона досега, се наоѓа на шестото место, но тимот има падови и подеми. Наша цел е да ги фатиме во пад. Брзи се, треба да го сопреме нивниот контра напад. Околу 30% од головите ги постигнуваат од контра напади и не треба да ги правиме истите грешки како на последните два натпревари. На тренинг напорно работиме да ги сведеме на минимум техничките грешки. Тоа ќе го направите само ако го следите тактичкиот план и баш тоа се обидуваме да го сториме.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »