-Пред 10 години, во 2013 година, во Битола, во спортската сала “Павел Шатев“се одржа спортската манифестација “Сите да спортуваме“ во кој на еден заеднички тренинг беа вклучени околу 250 ученички од средните и основните училишта, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на спортското новинарство.
Во овој спортски настан беа вклучени ученици од основните и средните училишта од Општина Битола, а поради големиот интерес во него ќе беа вклучени и возрасните, а целта на овој проект беше во организирани спортски активности да се вклучат огромен број учесници и да им се даде можност на секого да спортува и рекреира.
Голем број ученици кои од најразлични причини немале можност да бидат вклучени во спортско-рекреативни активности, па затоа на овој наќин сакаме да поттикнеме, пред се ученички, да спортуваат, ќе рече тогаш Христина Ристевска, која ги водеше тренинзите.
-Во самиот проект беа предвидени спортски активности од забавен и едукативен карактер како и сите спортови за кои има интерес, имаше најава дека ќе се урива и Гинисовиот рекорд по број на ученици кои тренираат на едно место, но како се заврши овој спортско-забавен проект не сум запознат и до кога траеше, завршува Миновски.

Деновиве пред 10 години: “Сите да спортуваме“ најмасовна спортска манифестација
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- ЈКП “Нискоградба“ Битола со известување за дефект
- ЈКП “Водовод“ започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та во Битола
- 25 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 23 степени










