Синоќа во Големата сала на Центарот за култура во Битола со одличен концерт на Камерниот оркестар на Битола и гостите беше отворена годинашната концеттна сезона на оваа културна институцуја.
Концертот беше посветен на две македонски музички ѕвезди поврзани со Битола, Тоше Проески, за кого ова беше 5. јубилеен концерт и на Пепи Бафтировски.
Присутните ги поздрави директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска – Илиевски која уште еднаш нагласи дека програмата на Центарот за култура не е примамлива само за битолската публика, туку имаме гости и од цела држава и дека посебно и е мило што на нивнате свена настапуваат повеќе македонски ѕвези, секако и од Битола.
Како гости на Камерниот оркестар беа Бојан Маровиќ од Србија, од домашните музичари Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска.
На концертот беа изведени најубавите македонски песни напишани и изведеби од битолчанецот Пепи Бавтировски, еден од бардовите на новосоздадената македонска песна, “Ако згрешам нека изгорам“ посветена на наш сограѓанин и прифатената песна од сите “Заветна“ и дел од неговите антологиски песни. Пепи почина во Америка, каде што престојуваше последните неколку години во 66 година од животот.
Испеани беа и незаборавните песни на поп иконата – Тоше Проески, “Цреша“, “Тајно моја“…
Битолчани видоа и слушнаа уште еден одличен концерт на Камерниот оркесар под диригентство на Владимир Димовски, а сценографијата е на сценографот Валентин Светозарев.
Денес во 20 часот по барање на публиката ќе се одржи уште еден концерт.
[ngg src=”galleries” ids=”1388″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”37″ order_by=”filename”]











