Љубителита на спортот во Битола на почетокот на викендов имаа ретка прилика да гледаат четири првенствени натпревари, а со оглед на тоа дека сите првенства се на почетокот и “допрва“ ни престојат одлулувачките натпревари за титули и пласман може да се каже дека имавме солидна посетеност.
Синоќа битолчани во гледаа кошарка, а Пелистер во Битола во рамките на Првата лига беше домаќин на Куманово, а во 14 часот под Тумбека кафе започна натпреварот од Втората фудбалска лига Пелистер – Арсими.
Попладнево со салата “Боро Чурлевски“ се одиграа два ракометни натпревари од ракометниот плеј-оф. “Двојката“ го пречека шампионот Вардар, а “поискусните“ од Еурофарм Пелистер беше домаќин на Пролет.
На трибините имаше различна публика, но сепак некои наши сограѓани не пропуштија да ги следат сите натпревари, а на трибините беа и спротистите кои ги гледаа своите колеги од другите клубови кои ја носат зелено-белата боја на своите дресови.
Како излегаа трибините на кошарка, фудбал и на ракомет низ фотографииите кои се направени на фоторепортерите на Битолањуз.
[ngg src=”galleries” ids=”1403″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”31″ order_by=”filename”]











