Press "Enter" to skip to content

Данче Наумовска од ГТЦ победник на 8-мартовскиот турнир во куглање за жени во Битола (фотогалерија)

Во младинска категорија, до 14 години победник е Лаура Ангеловска од екипата на Пелистер Пин од Битола.Денес во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер од Битола се одигра 8-мартовскиот кугларски клуб на кој учествуваа 16 кугларки. Турнирот беше во организација на женскиот кугларски клуб Пелистер Пин од Битола, кој се покажа како одличен домаќин.Победник на годинашниот турнир Данче Наумовска од кугларскиот клуб ГТЦ од Скопје со 542 соборени дрвца. Второто место и припадна на Андреа Вељановска од Пелистер Пин од Битола со 528 соборени дрвца, а на трето место се пласира Стефанија Алексовска со соборени 518 дрвца, исто така од Пелистер Пин.За прв пат се одигра и младински турнир за девојки до 14 години на кој победничка беше Лаура Ангелевска од Битола. Ева Димитровска беше второпласирана, а на трето место е Лана Апостоловска, и двете од Пелистер Пин.Во име на организаторот се обрати Игор Михајловски, тренер на Пелистер Пин, кој рече дека се радува што во Битола се одржа женски турнир во куглање, а посебно му е мило што имавме и натпревар во младинска категорија до 14 години.Наградите на најдобрите им ги додели претставникот на Општина Битола – Г0рдана Цветсковск-Бошевска, а на сите учеснички со цвеќе им го честита Денот на жената, селекторот на женската репрезентација на Македонија – Перо Гиевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »