Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола се обрати на прес-конференцијата по повод претстојното големо отворање на првата изложба на македонски археолошки артефакти и прва и најголема археолошка изложба од Балканот во светот – „Првите кралеви на Европа“ – во Чикаго, Соединети Американски Држави.
-Десетици археолошки артефакти од повеќе македонски локалитети ќе бидат презентирани пред американската јавност како дел од изложбата „Првите кралеви во Европа“ во престижниот Филдов музеј во Чикаго. Пред светот гордо ги претставуваме експонатите неолитски жртвеник, енеолитски скиптар и железнодобен накит од локалитетите Врбјанска Чука, Шуплевец и Милци, пред светот ќе проговориме за достигнувањата на луѓето од нашата земја кои живееле и создавале уметност, ги развивале технологијата и стопанството во периодот од 7 до 5 милениум пред новата ера. Огромна благодарност до Американската амбасада која даде поддршка за проектот и уверена сум дека „Првите кралеви во Европа“ ќе ни донесат трајни пријателства кои ќе отворат нови можности за нова соработка, рече Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Директорката на битолскиот Завод и Музеј, Мери Стојанова рече дека од предистортиска збирка на Заводот и Музеј е вклучен еден предмет, тоа е скиптарот од Шуплевец, уникатен и репрезентативен примерок каков што нема сличен во овој дел од Балкнскиот Полиуостров, а ова е прва можност предмет да биде изложен во Америка.

Костадиновска-Стојчевска од Битола: изложбата “Првите кралеви на Европа“ во САД е голем пробив за македонската археологија во светот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










