Press "Enter" to skip to content

Пораз на кошаркарите на Пелистер во Чаир

Чаир – Пелистер 88:77

Екипата на Чаир 2030 во заостанатиот кошаркарски натпревар направи изненадување и на домашен терен го совлада Пелистер со резултат 88:77 и со тоа ја прекина победничката серина на “пелистерци“. 

Натпреварот започна со добра игра и предност за битолчани, а во продолжението екипата на Чаир се доближи резултатски, а првиот дел заврпи со +2 за “пелистерци“, 19:21. Втората четвртина заврши со 23:18 за чаирчани, а на одмор се отиде во резултат 42:39.

Во третата четвртина домаќинот направи разлика која од 11 поени (28:17) која се покажа недостижна за екипата на Пелистер. Третата четвртина заврши со +14 за Чаир (70:56). Последната четвртина не донесе враќање на Пелистер, иако битолчани ја добија со 18:21, но малку за победа.

Најефикасен кај Пелистер Карутерс заврши со 26, пред Стајиќ со 16 поени, а Карпентер даде 13 поени. Кај домаќинот Чаир најефикасен беше “довчерашниот“ пелистерец Мустафица, кој постигна 28 поени и имаше и 15 скока.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »