Press "Enter" to skip to content

Јовиќ и Кизиќ на прес: победата над Нексе во вистински момент, добар старт на нашето ново поглавје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа во Битола го победија Нексе со 27:23, во последниот натпревар од групната фаза на СЕХА лигата и дојдоа до второто позиција во групата. На официјалната прес конференција по натпреварот зборуваа тренерот Александар Јовиќ и голманот Марко Кизиќ.

Стратегот Александар Јовиќ по дебито на тренерската клупа по убедливата победа во Битола, на средбата со медиумите новиот тренер на пелистерци го анализира натпреварот.-Ова беше одлична победа, добар старт на нашето ново поглавје во кариерата. Голема благодарност до Зарков и Шундовски и ангажманот на ракометарите. Одигравме добар натпревар против тим предводен од еден од најдобрите тренери во лигата, Бранко Тамше. Не одигравме претерано добра одбрана во првиот дел, но со одлична енергија и емоција направивме разлика. Нашите голмани фатија многу топки од кои четири пенали, а тоа ни даде одлична поддршка да победиме и да го обезбедиме второто место. Не треба да креваме голема еуфорија, ваквите победи треба да ни станат рутина. Голема благодарност до битолската публика за огромната поддршка во текот на сите шеесет минути, кажа Јовиќ.

Младиот голман Марко Кизиќ, кој со одбрана на пеналот во последните секунди го “обезбеди“ второто место, рече:-Честитки до екипата на Нексе за фер натпреварот. Ние сме мотивирани, одигравме добар натпревар против квалитетен ривал. Резултатот е одличен за нашиот нов старт со нов тренер. Фановите одново беа неверојатни, игравме мотивирано, не е лесно да се победи Нексе. Ова славје треба да ни даде дополнителен стимул за следните предизвици во домашното првенство и СЕХА лигата

Пелистерци го чекаат својот противник за четвртфиналето, а првиот натпревар ќе го играат пред својата публика, додека реваншот на гости.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »