Press "Enter" to skip to content

Групата “Нокаут“ акустично пред битолската публика (фотогалерија)

Вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола групата “Нокаут“ со акустичен концерт ги пееше своите големи хитови заедно со публиката во Битола.Интересно за овој концерт, беше што за сценска изведба и потреби за снимањето на концертот група фанови беа дел од сценографијата, а беа испеани нивни хитови, но и хитови кои тие го создале за други нивни колеги.“Нокаут“ група наградена за афирмација на македонската авторска музика во своето 25 години постоење на македонската музичка сцена.Препознатливиот вокал на Никола Перевски Пере и бендот кој изминативе декади беше заштитен знак на нашата сцена, направи исклучително доживување и музичко патување низ своите 25 години музичко творештво, исполнето со многу емоции, сеќавања и романтични моменти. “Знаеш каде да ме најдеш”, “Временска машина”, “Лебедот бел”, “За нас”, “1000 Причини за крај”, “Сакам да живеам”, “Фатална опсесија”, звучеа многу убаво, испеани во еден глас со публиката.На што Никола Перевски Пере со емоции изјави дека се чувствува како во својата дневна соба заедно со публиката и најверните фанови на сцена, пеејќи ги нивните хитови. Причина што и посебно е приврзан со Битола, на некој начин е што неговиот менаџер Васко Павлесни е битолчанец.Велат “Музиката е звукот на нашите чувства“, а “Нокаут“ најдобро го познаваат тој звук. Тоа и го докажаа на својот акустичен концерт во Битола.За крај рефренот од песната “ДЕНЕС, УТРЕ, ЗАДУТРЕ“

И сакам, твоето “Те сакам” еден ден,

како од ракав да не стане “Tе сакав”.

И сакам, твоето “Те сакам” еден ден,

како од ракав да не стане “Tе сакав”.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »