Денес во рамките на шаховскиот натпревар во Битола вниманието на публиката и сите присутни во Офицерски дом во Битола “го украдоа“ двете шаховски легедни од Битола кои овој пат беа шаховски противници.
На “првата“ табла, од вкупно шест, се “сретнаа“ легендите на битолскиот и македонскиот шах, браќата Борче и Димитар Илевски, кој по ремито си подадоа рака. Борче играше шах за тимот на ветераните од Битола, а Димитар за тимот на ветераните од Скопје.
Инаку, да потсетиме дека Борче Илиевски има 88 години, а битолчани покрај како одличен шахист велемајстор, го паметат и како битолчанецот кој во август 1967 година му ремизираше на Боби Фишер, светска шаховска легенда. Неговиот помлад брат Димитар Илиевски има 82 години.
Фото: Саше Илиевски











