Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола беше одбележан Меѓународниот ден на поезијата преку промоција на јубилејните изданија на списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ (бр. 10 и бр. 11) во издаваштво на Македонското научно друштво – Битола и рецитал во изведба на студентките од Педагошки факултет-Битола, Јасна Талевска, Ивона Вурмеска, Димитра Десановска и Ивана Петровска, кои читаа поезија од современи странски поети препеани на македонски јазик и објавени во списанието и тоа: Џорџ Кларк (Канада), Тин Лемац (Хрватска), Аки Салмела (Финска), Ахмед Ал-Мула (Саудиска Арабија), Лина Екдал (Шведска), Хозе Лупијанез (Шпанија), Арти Луши (Албанија), Аксинија Михаилова (Бугарија), Емел, Косар (Турција), Ентела Табаку (Албанија-Шведска), Рошел Поткар (Индија) и Јин Шјиаојан (Кина).
Потпретседателот на Друштвото, м-р Николче Трајчески одржа инспиративна поздравна реч во која прво зборуваше за значењето на поезијата, а потоа нагласи дека списанието е редовно финансиски поддржувано од Министерството за култура и дека е веќе препознатливо и во земјата и во странство.
Промоторката и главната уредничка на списанието, проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, се заблагодари на раководството на Македонското научно друштво – Битола, на минатото, но и на актуелното на чело со проф. д-р Невена Груевска, за континуираната поддршка и истакна дека првиот број на списанието излезе во 2013 и од тогаш па до сега бележи забележителен развој и во поглед на бројот на застапени автори од земјата и во бројот на страници и во бројот и видот на рубриките и во ликовните решенија и во отворањето на списанието кон светот преку застапување на значајни и реномирани странски автори во превод на македонски јазик и во бројот на соработници и пријатели на списанието и во проширувањето на редакцијата со меѓународен уредувачки одбор и уредувачки совет и во поглед на достапноста до читателите.
Покрај во печатена форма, списанието е достапно и на вебстраницата на Македонското научно друштво – Битола (https://mnd bitola.mk/tag/sovremeni-dijalozi/), но и во воведувањето на импресум на англиски јазик кое се наметна како потреба поради тоа што во последните неколку години списанието е редовно промовирано на различни значајни светски книжевни портали, а тоа е дел и од домашните библиотеки на истакнати странски поети и писатели, уредници, приредувачи, издавачи, преведувачи и книжевници.
Списанието „Современи дијалози“ го уредува редакција составена од четворица членови на Македонското научно друштво – Битола (ред. проф. д-р Даниела Андоновска- Трајковска, главен уредник и Весна Мундишевска-Велјановска, вонр. проф. д-р Силвана Нешковска и Елизабета Јончиќ како уредници), но и меѓународен уредувачки одбор од книжевници и или универзитетски професори од Саудиска Арабија (Раед Анис Ал-Јиши), САД (проф. д-р Михо Нонака), Кина (проф. д-р Цемин Итион Тсаи и проф. д-р Су Џен Лин), Велика Британија (проф. д-р Том Едвард Филипс), Словачка (проф. д-р Звонко Танески), Босна и Херцеговина/ Русија (м-р Жарко Милениќ) и Србија (Искра Пенева).

Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










