Press "Enter" to skip to content

Победа на одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола во претпоследното коло (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 3:1

(25:17; 25:07; 23:25; 25:23)

Во Битола се одигра вонредното 17. коло од Втората државна одбојкарска лига во кое екипата на Пелистер Волеј беше домаѓин на Универзитет Тетово. Битолчанки го оправдаа епитетот фаворит и натпреварот го решија за половина час.Како тренерот на девојките на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, ја коментира играта во претпоследното коло, рече:-Натпреварот го одигравме со добар прв и феноменален втор сет, по што следувапе промена на тимот на терен, и продолживме со игра со доста грешки и секако е дека сме незадоволни од она што го прикажавме. Но, уверени сме дека формата оди во нагорна линија, а таа ќе биди на највисоко можно ниво, токму кога е најпотребно и дека сите ќе го дадат својот максимум важна е победата, односно важна е секоја победа, а во екипата имаме одлична, перфектна атмосфера и убаво расположение.Шанса добија буквално сите играчи, поени освоија сите играчи, но предводници на победата беа капитенот Најдановска со 19, Проковиќ 15 и Каралиоска со 11 со поени во натпревар во кој “пелистерки“ освоија директно 78 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »