Press "Enter" to skip to content

Победа на кошаркарите на Пелистер на гостувањето кај Кожув

Кожув – Пелистер 88:100

Кошаркарите на Пелистер од Битола славеа сигурна победа на гостински терен, против Кожув со резулат 100:88. Иако почнаа како што не планираа, со минус во првата четвртина, на крајот “зелено-белите“ стигнаа до важен триумф и бодови за врвот на табелата.

Првата четвртина беше во знакот на кошаркарите на Кожув кои доста рано стигнаа до двоцифрена предност која сепак расположениот Хаџифејзовиќ ја намали на едноцифрена. На крајот на првите десет минути од играта беше 21:12 за Кожув. Во втората четртина “пелистерци“ ја намалуваа разликата, а на одмот отидоа само со -3 поени, 41:38 и имаа подобра реализација во шутот за три поени.

По одморот, во третата четвртина екипата на Пелистер само по една минута игра израмни 45:45, а потоа и поведе 47:50. Маслинко, Карпентер и Стајиќ погодуваа надор од линијата 6.75 метри, и му донесоа сосема солидна предност на Пелистер од +9 (60:69) на влезот на последната четвртина. Во последниот квартал екипата на Пелистер проба со агресивна одбрана да дојде до пресврт, но Пелистер умешно одговори во нападот и не дозволи неизвесен финиш.

Кај Пелистер најефикасен беше Хаџифејзовиќ со дабл-дабл ефект, изразен преку реализација на 24 поени и 11 скока, а Стајиќ имаше 20 поени, 8 скока и 5 асистенции.

По ова 19 коло, Пелистер е на скор од 15 победи и 4 порази.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »