Press "Enter" to skip to content

Промоција на книгата “Детски песни за учење лесни“ од Ирена Цветкова

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола беше промовирана првата книга поезија на авторката Ирена Цветкова, поезија наменета за деца.

За книгата „Детски песни за учење лесни“ зборуваше м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, библиотекар од НУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола, која во кратки црти даде осврт за содржината на книгата и за значењето на овој вид литература наменета за најмалите. Книгата содржи песнички кои имаат ритам и рима, лесни се за читање и учење, затоа е наменета за деца од претшколска возраст, но и за поголемите ученици. Секој родител би требало да ја има оваа книга и барем 10 минути на ден да им чита на своите деца.Пред преполната сала се обрати и авторката која им се заблагодари на семејството и на својата мајка која и ја вградила љубовта кон пишаниот збор. Авторката Ирена Цветкова долги години твори како наставник. Во својата работа се посветува на мотивирање на децата да учат песнички и да рецитираат. Сите нејзините дела сега се собрани во оваа прекрасна книга.

За крај учениците претставија дел од песничките кои ја красат книгата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »