Press "Enter" to skip to content

Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)

Со еднодневна клавирска програма со 47 композиции за пијано беше одбележан Денот на пијаното 29 март во КИЦ Офицерски дом во Битола.На пијано-маратонот кој започна во претпладневните часови, а заврши вечерта со Свечен концерт, настапија ученици од нижото и средното Државно музичко училиште од Битола.Вечерниот Свечен концерт започна со обраќањето на директорот Кирил Стојчевски, кој на бројната публика им се заблагодари за присуството и нагласи дека по традиција секој 88 ден во годината се прославува како Ден на пијаното, заради симболиката на 88 -те клавиши кои ги има инструментот пијано.На присутните им се обрати проф. Татјана Божиновска од одделот за пијано, која ја нагласи децениската традиција на музичкото образование во Битола, познат и како град на клавирите. Битолската публика и младите изведувачи до 18 години преку видео врска ги поздравија колегите Јури Кот од Киев и Катарина Крпан од Загреб.Следуваше Свечениот концерт на кој беа изведени дела за пијано од современи и класични автори. Прекрасните изведби на младите талентирани ученици, на крајот беа наградени со силни аплаузи, а директорот Кирил Стојчевски им додели и дипломи за учество.

Д.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »