На сцената во Големата сала на Центарот за култура во Битола, синоќа на 1 април гостуваше најновата комедија “Обвинителка“ која љубителите на театарот од Битола ги насмеа до солзи.
Актерската тројка, Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова- Черних и Сашо Ристовски, низ низа комични и реални животни ситуации ни прикажува една мошне интересна тема на денешницата, актуелна во секој поглед.
Оваа претстави низ низата на динамичните дејствија, брилијатната актерска екипа, ги одговара оддамна непоставените прашања: Како е да се биде обвинител? Како е да се работи во обвинителство? Како може или неможе да се спасиш од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.
Костимите ги изработи Елена Лука, а музиката е на младиот и талетиран композитор Мишел Трајковски. Претставата се подготвува со полн интензитет и плод на соработка на нашата држава и Република Србија.
Ова е еден од ретките проекти поставувани на македонската театарска сцена во кој се говори на македонски и српски јазик.
[ngg src=”galleries” ids=”1435″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]











