Но НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа втората работилница од проектот “Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ насловена “Како до убава фотографија“.
На работилницата учествуваа ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“-Битола, ученици од ОУ “Коле Канински“, ученици од СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито“ и претставници од невладиниот сектор.
Се за историјата на фотоапаратите, за развојот на фотографијата, за видовите на фотографија и како да до поубава фотографија зборуваше нашиот гостин фоторепортерот, Сашо Ристевски, сопственик – главен и одговорен уредник на порталот “bitolanews“.
Пред љубителите на фотографирањето тој покажа различни техники и начини како да се стигни до поубава фотографија, како да се одреди целта на фотографијата и како да ги доловиме вистинските моменти кои ќе останат вечно на една фотографија.
На прашањето како до убаво селфи и за уште многу други прашања можеа да слушнат одговор од гостинот.
Оваа работилница е дел од проектот кој “Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ и е поддржан од Министерството за култура, а ја реализираа Маријан Колевски и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.

Во Библиотеката во Битола работилница од проектот “Биди свој…“ – “Како до убава фотографија“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










