-Во април 2013 година неколку дена по локалните избори, по повеќе подготовки, адаптација на теренот и создавање услови за работа во коритото на реката Драгор во Битола, над стариот мост кај Црн Мост, беше поставен камен темелникот на новиот мост кај Црн мост, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
По осветувањето од свештениците на Македонската православна црква, градоначалникот на Општината Битола, Владимир Талески, и претставник на изведувачот “Стентон градба“ го означија почетокот на овој посебен настан со кој започна бетонирање на дел од тракастиот темел на Црн мост.
Подолго време траеја подготовките бидејќи потребни се 37 главни монтажни носачи, коишто во изминатиот зимски период се подготвуваа во леарница, а истовремено се работеше и на терен, а откако се направивме сите испитувања на земјиштето, се стигна до фазата на ставање на камен-темелникот.
–Ова е една голема придобивка за сите. Ќе добиеме мост по сите сообраќајни стандарди, а на него ќе има кружен тек во кој се бидат вклучени улиците од “Булеварот 1 Мај“ и околните улици, а со тоа во голема мера ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот во овој дел на Битола, како и проодноста на возила, беше речено, тогаш, на отворањето.
Со изградбата на новиот мост, стариот мост на Црн мост остана пешачки, а новиот е голем кружен тек кој 70% ќе биде мост на реката Драгор, а останатите 30% ќе претставуваат поврзување со патна инфраструктура.

Деновиве пред 10 години: започна изградбата на новиот мост кај “Црн мост со кружен тек (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот (фотогалерија)
- Прес-конференција на градоначалникот Коњановски: од транформаторот до булеварскиот влез
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)
- Полскиот амбасадор во прва официјална посета на Битола










