-Ова е за мене тежок емотивен момент бидејки поминаа пет години од заминувањето на мојот брат Горан Стефановски, а во тој период немав сила ниту да дадам изјава. Меѓутоа еве помина некое време и сакам да обратам на некој начин и да заблагодарам на сите кои го организираа овој концерт во Битола. Инаку имав одамна желба да настапам во овој објект што го нема никаде во Македонија, рече на почетокот на концертот во Битола, Влатко Стефановски, посветен на неговиот брат Горан, како го нарекоа претходно Македонскиот Шекспир. На денешен ден, 27 април 1952 година во Битола е роден големиот македонски драматург Горан Стефановски, а тоа беше повод за организање на овој несекојдневен настан во Битола.
Претходно во кристалната сала на Офицерски дом во Битола, пред голем број на присутни актерот Борис Чоревски, евоцира спомени и изведе делови од драмите на Стефановски во кој самиот настапувал.
Горан Стефановски е роден е во Битола, на улицата “Београдска3 бр. 5 во куќата на семејството Зиса, која ја делеле родителите на Горан, со познатото актерско битолско семејство Чоревски. Браќата Благој и Борис Чоревски се сеќаваат дека тие живееле на долниот кат, а Стефановски живееле на горниот кат. Биле многу блиски, па поканата да ја делат куќата била идеја на битолскиот актерски познат пар Трајко и Ратка Чоревски.
-Да беше жив, на оваа дата ќе го славевме неговиот 71 роденден. Прерано не напушти, во својата 66 година од животот. Но, некои луѓе имат само дата на раѓање, а ние како битолчани, овој човек треба посебно да го славиме.
Така, во заеднички разговор со неговиот брат Влатко Стефановски, кој е наш драг пријател се роди идејата во негова чест и датата кога се роди нашиот Шекспир, да организираме концерт во неговиот роден град, истакнуваат од Божиновски часовници и накит кои стојат како организатори на овој концерт. Малку историја…, рече Љубица Ангелкова за овој настан.-Луѓето од театарот во Битола знаат за тоа каде е роден Горан, но се надевам дека и сите битолчани знаат за тоа. Скопје и Општина Центар секоја година организираат настани во Дебар Маало, но еве ред беше да направиме нешто и во Битола и да одбележиме датумот на неговото раѓање, додаде Влатко Стефановски.
Неговата последна средба пред смртта, а со асоцијациите на Битола и детството, беше во Лондон, кога нашиот битолски театар го играше Шекспир во славниот Глоуб театар. Горан, со група од битолските актери, после претставата во еден лондонски паб покрај Темза, се сеќаваше на Битола и на своето детство.
На концертот во Битола, на роденденот на Горан, 27 април во Офицерски дом во Битола. Влатко Стефановски настапи на звучен систем од “Теохаров аудио“.
“Камник“ винаријата, се приклучува како голем пријател на културата и настаните кои целат кон создавање на триумф за сите сетила. Општина Битола се јавува како поддржувач на овој настан.