Во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола, деновиве е објавена и промовирана книгата поезија „Оксидиана“ од италијанската поетеса Лучила Трапацо. Книгата беше промовирана во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола , во присуство на авторката и гости-љубители на поезијата.
Промотор и рецензент на книгата беше м-р Мирјана Стојановска, стихови читаше проф. Ана Жежовска, а музичкиот дел со изведба на флејта го реализира Ана Трсуновска. Препевот на книгата го направи доц. Маја Милевска- Кулевска. Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура.
–Книгата поезија „Оксидиана“ од италијанската поетеса Лучила Трапацо е прва нејзина препеана книга на македонски јазик, книга која во Италија беше првично објавена во 2018 година. Книгата содржи 45 песни, поделени во три циклуса: „Една горка мисла“, „Солен гест“ и „Скок и танц“. Оваа современа авторка го носи во себе целиот филогенетски багаж, полна со филантропија и емпатија. Низ песните ја препознаваме како вечно буден стражар кој бдее над добрата судбина на луѓето во светот денес. Од друга страна, авторката онтогенетски го носи автентичниот раст во духовната сфера каде се отсликува себе во медитативна форма на опуштеност, на набљудување, на живеење во сегашноста, во актуелниот миг. На пати носталгична, дури и меланхолична, Лучила, најчесто поентира со доброто, со љубовта, со надежта за подобра иднина за сите, истакна промоторот на книгата м-р М-рјана Стојановска.
Поетесата Лучила остави силен впечаток на сликовита дури и драматична презентација на дел од нејзината поезија, каде со песна и мала сценска изведба ги пренесе емоциите од нејзината таканаречена женска поезија.
Лучила Трапацо е преведувана на десетина јазици, активно учествува на европски поетски фестивали. Добитник е на многубројни награди и признанија, како за литературните, така и за нејзините ликовни дела.

Промовирана книгата од италијанската поетеса Лучила Трапацо во издание на битилското здружение “Нова“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










