По вчерашната изложба “Градски костими“ во Глабочани, општина Пустец, Албанија во музејот на Стерју Спасе, во рамките на проектот “Smart4You2“ денес во Битола, во Магазата се отвори ликовна изложба насловена Корча – „Во наследство“, чиј автор е уметникот Спартак Касули.
Мери Стојановска, директор на Заводот и Музеј од Битола за изложбата рече:
-На самите цртежи можете да погледнете и од нив да заклучите дека имаме огромна регионална поврзаност како резултат на богатата културна слоевитост која што е присутна не само на територијата на Корча, туку и пошироко. Оваа изложба е во рамките на проектот “Smart4You2“ во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка на Макед0нија и Албанија за која имаме многу да зборуваме, но за тоа ќе зборува Ана Секуловска Јовковска, проектен-менаџер на проектот “Smart4You2“.
Ана Секуловска Јовковска на отворањето рече:
-Овој настан, оваа изложба е еден од многуте кои ќе се реализираат во рамките на проектот “Smart4You2“. Проектот е замислен како една приказна која што реално ќе ја обработува, и ја обработува, приказната на прекугранична соработка. Тоа би значело дека правиме поврзаност на регионите на Македонија и Албанија, Пелагонискиот регион и регионот на Корча, во кој што заеднички ќе ги споделуваме културните богатства, вредностите кои ги имаме и ќе правиме спојување на регионите и заеднички ќе правиме промоција на културното богатство и туризмот.
Аманда Чичи, директорка на Директоратот за културно наследство-Корча, во битолскиот културен центар „Магаза“ ја промовира ликовна изложба Спартак Касули за која рече дека е одлична изложба и дека овие графики се прв пат се промовирани во Косово, во градот Призрен, а сега и во Битола.
-На изложбата доминираат ликовни цртежи, графики кои сведочат за културата, традицијата и заедништвото меѓу двете држави. Авторот Касули за публиката нуди различни, куќи, цркви, мостови кои како некогаш, така и денес постојат во овој регион, рече меѓудругото Аманда Чичи, која нагласи дека се надева дека проектот ќе биде успешен за партнерите од двете земји.
[ngg src=”galleries” ids=”1503″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]











