Press "Enter" to skip to content

Креативна забавна работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост

Во градскиот парк во Битола се одржа петтата работилница од проект “Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ во организација на НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола, заедно со учениците од ДЦУРО “Св. Наум Охридски“ од Скопје со дисперзирана паралелка во Битола.

Учениците заедно со библиотекарките, професорката по македонски јазик, Елизабета Јончиќ, и професорката по теоретски графички предмети и практична настава, Елена Чукалеска, изработија цртежи за прекрасна цветна бајка со цвеќињата кои ги собираа.

Пролетта е магично место, таму царуваат боите на виножитото послани како килим врз земјата, а секој цвет има своја боја, свој мирис и своја приказна, која учениците ја раскажуваа.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »