Театарска публика од Битола беше редовно на сите официјални вечери кога се изведуваа монодрамите кои беа во конкуренција за наградите и на двете свечени вечери кога беа свечените отворања и затворања.
Публиката ја имаше во сите сали каде се изведуваа, а на крај знаеше како да ги награди актерите, со голем аплауз.
Синоќа исто така беше на свеченото затворање на 24. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама кога со голем аплауз беа наградени добитниците на наградите, а публиката ја “додели“ и наградата која ја доделува Општина Битола.
Како беше синоќа на последната вечер на Фестивалот и кој се беше присутен во големата сала на НТ Битола “Благој Стефановски – Баге“ низ фотографиите на нашиот фоторепортер Дамијана Ристевска.
[ngg src=”galleries” ids=”1506″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]











