Press "Enter" to skip to content

Промовиран новиот број на “Нова Веда“ на учениците од Горната Гимназија од Битола (фотогалерија)

Во рамките на прославата на патрониот празник на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, меѓу големиот број на настани по тој повод, попладнево се случи промоцијата на вториот број на гимназискиот весник “Нова Веда“ којшто е продолжение на една долгогодишна традиција на многу генерации наназат во Гимназијата “Јосип Броз Тито“  во Битола.На промоцијата која се одржа во кафулето “Камарите“  присуствуваа учениците кои имаат свои текстови во весникот, професори и уленици, секако и директорката на Гимназијата, Лидија Споа, која рече дека секоја генерација има своја “Веда“, си има своја ѕвезда водилка, си има своја борба… па така и оваа генерација по многу нешта различна од останатите, полека по полека испливува на површината и не само што испливува, туку почнува, иако страмежливо, ама сигурно да чекори и да создава нови мисли, нови идеи, нови светови, во едно ново “нормално време“, како што стои во Уводникот на весникот, како што имаат напишано. 40-тина ученици од гимназијата под менторство на професорот Никола Трајковски се дел од Нова Веда, кои за вториот број беа многу по организирани, на 30-тинаа страници, во повеќе рубрики, со теми кои се актуелни за младите од сите свери на нивното секојдневие.-“Нова Веда“ во еден слободен превод би значело ново знаење, нови зборови, но и континуитет на нешто што е долгогодишна традиција на Горната гимназија. “Нова Веда е средношколски слободен простор, весник во којшто средношколците можат да ги искажат своите мисли, соочуваат, да предложат соодветни решенија за истите, силно да се насмевнат после големите бури низ кои поминале. Да се пофалат за своите успеси, да критикуваат за општествените неправди, но и да се исложат себеси на критика за сопствените грешки, рече на промоцијата на вториот број професорот Никола Трајковски.Денес тие читаа дел од своите текстови во “Камарите“, каде што беше преполно со млади луѓе кои сакаа да слушнат и да прочитаат што нивните врсници сработиле во изминатиот период и од таму испратија порака дека веќе работат на третиот број.“Каде после Горната“, “Алкохолот и дрогата најголеми непријатели на средношколците“, “На кафе со “Паркети“, “Во петок на театар“ се дел од насловите во “Нова Веда“, а во весникот е поместен и хороскоп, теми за музика, за битолскиот Камерен оркестар, за филмот, за модата, за здравата исхрана, за спортот… или може, не само средношколцити, туку и сите останати да прочитаат за актуелни теми од денешницата.Во весникот се опфатени и дел од настаните кои се одржуваат го Горната гимназија.Како уредник на овој број покрај професорот Трајковски се потпишува и ученичката Ева Ристевска а во уредувањето свој допринос даде и ученичката Ана Наковска.Професорот на промоцијата додаде и дека сите учесници со голем ентузијазам и енергија се вложуваат и дека тој само ги координира и насочува.Утре продолжува одбележувањето на патрониот празник со одржување на свечената прослава и театарската претстава “Приказни од зад спортската сала“ во Центарот во 19 часот, а пред неа во 18,30 часот ќе биде отворена изложба на фотографии на ученичката Дамијана Ристевска во холот на Центарот за култура, со наслов “Портрети од Горната“. 

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »