Press "Enter" to skip to content

Во книжарницата “Book’s House“ работилница на тема “Фиктивни – реални приказни“

Во книжарницата “Book’s House“ во Битола во организција на НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола се одржа четвртата работилница од проектот “Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ на тема „Фиктивни – реални приказни“, која е спроведена во соработка со Здружението на дијабетичари од Битола.

-Инспирирани од потребите и проблемите кои тие како дијабетичари ги имаат во нивниот живот борејќи се со оваа подмолна болест, ги поттикнавме на раскажување на нивни реални приказни. Приказни кои покажуваат реална слика како е да се живее со оваа болест и со кои предизвици се соочуваат тие секојдневно или „слатко-горчливи“ маки како што велат тие самите. Ова се приказни кои ние сакавме да допрат до пошироката јавност, бидејќи искуствата на овие луѓе можат да претставуваат совет и лекција за сите нас, велат координатори на проектот Маријан Колевски и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски.НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола преку овие настани придонесува да се слушне гласот на овие луѓе. Тие се пример како преку читање и пишување можеме да си помагнеме во процесот на лекување, а истовремено да можеме да помогнеме и на новите случаеви, кои за жал се повеќе ги има како последица на модерното време во кое живееме.

На сите учесници во работилницата им подаривме книга и им посакавме добро здравје.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »