Press "Enter" to skip to content

Во Битола започнува 5. издание на меѓународниот натпревар “Пијанофест“

Во четврток на 8-ми јуни со почеток од 19 ч. во КИЦ – Офицерскиот дом во Битола со свечен концерт ќе започне Меѓународниот натпревар Пијанофест 2023. На концертот ќе настапи минатогодишниот лауреат на Пијанофест 2022, Лара Арбајтер од Србија, како и Маргарита Вујовиќ на пијано и Анастасија Холц – сопран, исто така од Србија. Натпреварувачкиот дел ќе започне на 9-ти јуни и ќе трае до 11-ти. Оваа година Пијанофест освен дисциплината пијано и пијано четирирачно, збогатен е со уште една дисциплина – соло пеење. И во двете дисциплини учесниците се поделени во категории од 6 години па нагоре, според возраста и тоа во 8 категории во дисциплината пијано и 6 категории во категоријата соло пеење.

Натпреварувачите ќе ги оценува меѓународна жири комисија во состав: Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), Мирела Туше Вонгли (Албанија) и Катерина Кетковиќ Фидановска – пијано и соло пеење: Анастасија Холц (Србија), Маја Митровска (Македонија), Александра Коцевска (Македонија).

Усшешноста на овој натпревар кој по јубилеен 5-ти пат се одржува во Битола може да се види по заинтересираноста за учеството на истиот. Имено, оваа година ќе настапат 120 натпреварувачи од 8 земји: Србија, Македонија, Албанија, Ермениа, Косово, Полска, Хрватска и Бугарија.

Организатор на натпреварот Пијанофест 2023 е Здружението на пијанисти и музички педагози “ПИЈАНО“ од Битола, а се реализира под покровителство на Министерството за култура на Македонија и Општина Битола, а поддржувачи на натпреварот се КИЦ – Офицерски дом  – Битола и Државното музичко училиште од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »