Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во “Б“, Еурофарм Пелистер 2 во “А“ групата во Супер лигата во наредната сезона

Двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола ги дознаа групите и противниците откако Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извлече групите за ракометната Суперлига во новата сезона 2023/24 која ќе се игра по стариот систем.

Две групи по осум клуба формира новата сезона од Суперлигата. Оваа година за разлика од претходно носители во ждрепката беа првакот Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Група А:

Струга, МРК Куманово, ГРК Тиквеш, Скопје 2020, Алкалоид, Еурофарм Пелистер 2, Аеродром, ГРК Охрид 

Група Б:

Пролет 62, Прилеп, Вардар 1961, РК Мулти Есенс, Голден Арт, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Вардар Неготино.

Наскоро ќе се знаат термините за новата сезона, а почетокот се предвидува во првата или втората недела од септември.

Пред почетокот на шампионатот, првакот Еурофарм Пелистер и победникот на Купот, Вардар 1961, ќе се борат за титулата од Суперкупот на Македонија, во еден натпревар на терен кој ќе го одреди Ракометната федерација на Македонија (РФМ).