Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведувања заради поседување марихуана и нож

На  ул. „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 24 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На ул. „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола привеле 35 годишник од Битола затоа што кај него била пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од законот за оружје.

На  ул. „Сремска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 23 годишник од село Беранци, битолско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »