Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ноќва 20 санкционирани возачи под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер (17/18.06.2023) во периодот од 23.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 20 возачи.

За време на контролата биле санкционирани и 23 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.
 

More from ВестиMore posts in Вести »