Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола, во рамките на летниот фестивал “Бит фест“ започна 8. издание на Фестивалот “Хармониките“ кој се одржува во организација на “Савевски продукција“ и “Непокор“.
Овогодишниот фестивал е посветен на виртуозите на хармониката, а во рамките на првата фестивалски вечер настапија музичарите Радован Ивановиќ на хармоника и Кристина Касагиќ на флејта двајцата од од Бања Лука, Босна и Херцеговина, кои на публиката во Битола им се претставија со одбрана камерна музика, со танго.
Инаку, Ивановиќ е актуелен светски шампион во мастер категоријата за армоники, награда која ја освои во октомври минатата година на натпревар во Швајцарија, а во меѓувреме освоил и уште други три награди за прво место.
Директорот на фестивалот, Сашко Савевски, на гостите и нивниот професор им подари икона.
Уметничкиот директор на фестивалот, Кирил Стојчевски, за утре, за втората фестивалска вечер рече деке ќе биде посветена на легендарниот маестро, Милан Завков, кој не е повеќе меѓу нас.

Се одржа првата фестивалска вечер на 8. фестивал “Хармониките“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Трибина на ПОДЕМ Битола: родово-базирано и семејно насилство, препознавање, превенција, насилството не е семејна тајна (фотогалерија)
- На УКЛО Битола одржана панел-дискусија – “Успешни жени во општеството“ (фотогалерија)
- Ќе биде дерби во Битола – влезниците распродадени за неколку минути, прва битка за титула
- Трагедија во Битола: 19 годишник пронајден мртов
- 32 годишен битолчанец по е-маил измамен за 340.000 денари за крипто валути
More from КултураMore posts in Култура »
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“










