Press "Enter" to skip to content

Фото вест: трговски синџир “Лидл“ ќе започне со градба на маркетот во Битола

Германскиот голем трговски синџир “Лидл“ на 3 август ќе започне со градба на маркет во Битола, кој се наоѓа кај кружниот тек на “Дулие“, на местото на старата млекара, под Еврејските гробишта.Деновиве градежни екипи го исчистија просторот, кој вчера беше и заграден и ја поставија градежната табла на која може да се прочита дека маркетот ќе се гради една година до 3 август 2024, изведувач на работите е “Фабрика Карпош“ АД Скопје, а проектант “Иванов Инженеринг“ од Битола. Надзор е “ИНТ Глобал Инженеринг“ ДООЕЛ Битола.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »