Со втората вечер на 8. издание на Фестивалот “Хармоните“која се одржа во свечената сала во КИЦ – Офицерскиот дом во Битола заврши годинашното издание на овој специјализиран фестивал, кој се одржува во рамките на “Бит фест“.
На втората фестивалска вечер пред публиката се претставија Дарко Илиевски, уметничкиот раководител на „Танец“, професор Кирил Стојчевски, Димитар Митровски на хармоника, Стивен Стојчевски на кларинет од Сиднеј, Австралија. Настапија и Димитриј и Давид Стојчевски на хармоники и Зоран Ристевски-Озо, кахон.
Втората Фестивалска вечер беше посветена на Милан Завков, а беа изведени сите ора и чочеци од неговиот опус.
Директорот на фестивалот, Сашко Савевски и уметничкиот директор Кирил Стојчевски зошто вечерта ја посветика на Завков, рекоа.
-Легендите вечно живеат, а маестро Милан Завков е една од нив. Оваа вечер е тешка. Ќе кажеме само едно, сите кое сме тука ќе продолжиме да ја изведуваме неговата музика, а посебно е тешко бидејќи ни вети дека ќе биде со нас, но за жал не е со нас. Им се заблагодаруваме на сите кои настапија на фестивалот, на гостите кои беа и улесниците на семинарот. Посебно не радува тоа што го имаме тука светскиот шампион во хармоника од Швајцарија, Радован Ивановиќ, од Бања Лука.

Со вечер посветена на Милан Завков заврши 8. фестивал “Хармониките“ во Битола(фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 32 степени.
- Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола
- ФИКТ Битола потпиша меморандум со Министерството за енергетика, рударство…
- Асфалтирање на три краци од улицата „Даме Груев“ во „Мал Париз“
- СВР Битола: вевчанец возел со 1.71 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе на „Илинденска“
More from КултураMore posts in Култура »
- “Етеричен хербариум“ – изложба на Лидија Стефановска во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- Проекции на два филма во чест на Тони Наумовски од Битола на фестивалот “Преку езерото“
- “Ехо од Хераклеја“ концерт на Миле Кузмановски и Камерен оркестар
- Во УКЛО Битола работилница за оригиналниот пристап Science4Reel за комуникација на науката преку креативни видеа (фотогалерија)
- “Фолтин“ одбележува 30 години музичка слобода и жива врска со публиката










