Синоќа во Битола, во рамките на 53, фестивал “Илинденски денови“ беше отворена изложбата на копаници “Уметност во дрво“, а поводот за оваа изложба е 30 годишниот јубилеј на Здружение на копаничари.
Изложбата која се отвори во културниот центар Центарот за култура од Битола ја организира во соработка со Здружение на копаничари на Македонија, а на отворањето директорката Маја Андоновска – Илиевски, меѓу другото рече:
-Некои го нарекуваат занает, некои уметност… јас ќе го наречам љубов. Тоа е првото нешто што ми паѓа на памет за изложбата која одзема здив, а ја отворивме вечерва во магазата, одбележувајќи 30 годишен јубилеј на Здружение на копаничари на Македонија во склоп на фестивалот Илинденски денови.
Инаку, годинашниот фестивал “Илинденски денови“, во отворениот круг на светското наследството, нишките од минатото преточени во фолклор се испреплетуваат, плетејќи таписерија што не поврзува сите започна на 19 јули, а ќе трае до 31 јули.

Изложба на копаници “Уметност во дрво“ во рамки на “Илинденски денови“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










