Со втората вечер на 8. издание на Фестивалот “Хармоните“која се одржа во свечената сала во КИЦ – Офицерскиот дом во Битола заврши годинашното издание на овој специјализиран фестивал, кој се одржува во рамките на “Бит фест“.
На втората фестивалска вечер пред публиката се претставија Дарко Илиевски, уметничкиот раководител на „Танец“, професор Кирил Стојчевски, Димитар Митровски на хармоника, Стивен Стојчевски на кларинет од Сиднеј, Австралија. Настапија и Димитриј и Давид Стојчевски на хармоники и Зоран Ристевски-Озо, кахон.
Втората Фестивалска вечер беше посветена на Милан Завков, а беа изведени сите ора и чочеци од неговиот опус.
Директорот на фестивалот, Сашко Савевски и уметничкиот директор Кирил Стојчевски зошто вечерта ја посветика на Завков, рекоа.
-Легендите вечно живеат, а маестро Милан Завков е една од нив. Оваа вечер е тешка. Ќе кажеме само едно, сите кое сме тука ќе продолжиме да ја изведуваме неговата музика, а посебно е тешко бидејќи ни вети дека ќе биде со нас, но за жал не е со нас. Им се заблагодаруваме на сите кои настапија на фестивалот, на гостите кои беа и улесниците на семинарот. Посебно не радува тоа што го имаме тука светскиот шампион во хармоника од Швајцарија, Радован Ивановиќ, од Бања Лука.

Со вечер посветена на Милан Завков заврши 8. фестивал “Хармониките“ во Битола(фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Голем број верници вечерва пред полноќ во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фотогалерија)
- Во понеделник од 5 до 9 часот најавен штрајк на грчките царински службеници
- Повратникот Благој Димитриев засилување за КК Пелистер
- Уапсени двајца крадци од Битола, украле 30 штеки цигари, едниот издржувал затворска казна
- СВР Битола: приведени возачи за возење без возачка и со забрана за возење
More from КултураMore posts in Култура »
- Во библиотеката во Битола се зборуваше за меѓународното космичко право на македонски јазик
- Влатко Миладиноски: со огромно задоволство го чекаме моментот да музицираме на древнире камења во Хераклеја
- Интернационалниот етнографски филмски фестивал “Илинденски денови“ во Битола – филмот чувар на традицијата
- Долготрајни овации и аплаузи за Народниот театар Битола во Верона за изведбата на “Кориолан“
- Концерт на квартетот “Пелагонија“ на платото кај Офицерски










