Синоќа во Заводот и Музеј во Битола отворена беше изложба “Везовите на Македонија“ во рамките на 53. издание на фестивалот “Илинденски денови“.
Изложбата е поставена во соработка со НУ Музеј на Македонија – Скопје, а на отворањето зборуваше директорката на Центар за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски, која рече:
-Македонски везови е изложба која во соработка со Музеј на Македонија вечерва ја отворивме во битолскиот музеј во рамките на “Илинденски денови“. Оваа изложба според зборовите на директорот на музејот е најшетаната изложба која била изложена низ цела Европа и посетила и неколку прекуокеански земји. За прв пат ја имаме во Битола, и дефинитивно е една од изложбите кои не смеат да се пропуштат.
На отворањето зборуваше и директорот на НУ Музеј на Македонија – Скопје, Илија Цурев.
Изложбата ќе биде отворена за посети до 31.07.2023 во малата сала на Завод и Музеј во Битола.
Вчера беше одржан и саемот на книга и проекции на македонските филмови во склоп на Етнографскиот филмски фестивал Австралија Австралија и Дае, на режисерот Столе Попов.

Отворена изложбата “Везовите на Македонија“ во рамките на “Илинденски денови“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










