Традиционалното дефиле кое го најавува фестивалот “Илинденски денови“ во Битола, вчера започна точно во 18,30 часот од плоштадот “Магнолија“ во Битола каде беше и збирното место на најголем број на играорни групи, учесници на фестивалот кои го се славеа светскиот фолклор во Битола.
Како и секоја година, така и оваа, дефилето го предводеа играорците на КУД “Илинден“ кој го носеа македонското знаме и сликата на идеологот на Организацијата, Гоце Делчев.
Во дефилето беа членовите на “Русалии“ од Секирник, “древните чувари“ на христијанството и Исус Христос, кои секоја година настапуваат на фестивалот со традиционалните русалиски игри.
По орото кое го заиграа играорците на КУД “Илинден“, а го продолжија сите играорни групи кои беа на “Магнолија“, а во Битола ќе ги има над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија, кои ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена во следните неколку денови.
Битола е градот домаќин и организаторот овој фестивал, над половина век, а “Илинденски денови“ е печатот на нашиот идентитет, есто каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.
Дефилето како и секоја година го следеа голем број на битолчани, а тука беа и нашите сограѓани од дијаспората.
Како изгледаше традиционалното дефиле низ Широк Сокак, ќе се обидеме да ви пренесеме низ фотографиите на Дамијана Ристевски.
[ngg src=”galleries” ids=”1593″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”40″]











