Пелистер – Детонит Плачковица 0:0
Во рамките на 4. коло од Втората фудбалска лига во Битола, на стадионот “Петар Милошевски“ дербити помеѓу екипите на Пелистер и Детонит Плачковица заврши без голови и за двете екипи по еден бод.
По 4 одиграни кола екипата на Пелистер има 10 бода, се наоѓа на 4. место, а Детонит Плачковица е на 5. место со исто толку бодови. Екипите на Беса и Кожув имаат по 12 бода и се на првото и второто место со максимален учинок.
По репрезентативната пауза во наредното коло екипата на Пелистер на 16 септември ќе и гостува на Кожув во Гевгелија.
[ngg src=”galleries” ids=”1618″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]











