Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ: ќе ги освоиме двата домашни пехари, “Чкембарите“ со битолчани најдобра публика

Синоќа во Битола Еурофарм Пелистер го одигра најдобриот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона во кој беше рамноправен противник на германскиот бундеслигаш Кил, но за жал за одличната публика и секако тимот, загуби со 20:23. На официјалната прес-конференција по завршувањето на натпреварот зборуваше тренерот Александар Јовиќ кој рече дека  верува дека екипата е на вистински пат и оптимист е дека ќе ги освои домашните трофеи.

-Ние сме нова екипа и ни треба време да се запознаеме и ние тренерите со играчите и играчите со нас. Потоа тоа треба да го вклопиме и да направиме една добра приказна. Јас не се сомневам во тоа. Ние како тим само ќе растеме. Нашите цели се домашно првенство да ги освоиме двата пехара и тоа со сигурност ви тврдам дека ќе го направиме оваа сезона. Во Лигата на шампионите целиме да се претставивме како вечерва. Вака треба да играме  во сите натпревари, зашто Битола како град заслужува да се радува и додаде:

-Сакам да им се заблагодарам на навивачите и публиката, кои не бодреше во текот на целиот натпревар. Сакам да и го честитам роденденот на нашата навивачка група „Чкембари“, кои се најдобрата навивачка група за ракомет во светот.

За две недели во Европа следи уште едно тешко гостувањето, во Париз, против ПСЖ. 

More from ВестиMore posts in Вести »