Press "Enter" to skip to content

Васко Мамучевски апсолутен победник на “Паљо Класик Опен“, Мери Акиевска победник во женска конкуренција во Битола (мегафотогалерија)

Вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола, пред голем број на љубители на боди-билдингот од Битола се одржа “Паљо Класик Опен“ натпревар во боди- билдинг во организација на Зоран Лазаревски – Паљо, неговиот фитнес клуб “Паљо“ и боди билдинг федерацијата на Македонија.На отворањето на натпреварот зборуваа Зоран Лазаревски и Бобан Ѓоровски претседател на Федерацијата и Антонио Димитровски некогашен претседател на Боди билдинг федерацијата на Македонија со седиште во Битола, пред околу триесетина години.

-Ако некогаш нешто посакував, тоа е ова што се случува вечерва во мојот град, во Битола, градот на билдерите, како го прогласи легендата на Југославија кога се зборува за овој спорт, Петар Челик. Вечерва се одржува вториот “Паљо Класик Опен“ натпревар во Битола, кој се надевам дека и до година “расти“. Им посакувам одличен натпревар на билдерите и билдерите, бидејќи да се излезе на бина на било кој натпревар не е мала работа, посебно во Битола, во градот на билдерите, рече Лазаревски, кој емотивно се потсети на неговите почетоци и на неговите другари пред многу години.Горовски пред почетокот на натпреварот рече дека Битола секогаш имала голем број на билдери кои победувале на меѓународни натпревари, и му се заблагодари на Лазаревски за тоа што се нафати да организира еден ваков натпревар кој бара многу труд, организација, пари…Натпреварите беа во машка и женска конкуренција, а имаше билдери и билдерки од Битола, Македонија и Регионот.

Апсолутен победник во машка конкуренција на првиот “Паљо Класик“ е Васко Мамучевски, а во женска конкуренција повторно победник, како и лани е Мери Акиевска.

Организаторите на турнирот на победниците и медали, пехари и секако најдобрите добија и перични награди кои ги обезбедија “Таск форс“ и Општина Битола.

Победниците добија подарови и од “Хард кор шоп“ од Битола.

Фотографии: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »