Викендов во Битола, во Битола, во Будо центарот “Пелистер“ се одржа семинарот за реално аикидо “Битола опен 2“.
На семинарот имаше од сите клубови во Македонија, а со семинарот раководеа Ана Врачаревиќ од Србија носител на мајсторски појас 9 дан, Ѓуро Илиќ (8 дан) и Дејан Чавковски (5 дан) од Македонија.
-Ова беше традиционален семинар на кој имавме чест да ја имаме како предавач Ана Врачаревиќ, како наш постојан соработник и пријател на Аикидо федерацијата на Македонија. На семинарот предавачите практично ги демонстрираа измените на правилата за натпреварување во аикидо демо. Се предаваше и за тоа како да се совладуваат техники, рече Ѓуро Илиќ, организатор на семинарот, претседател на Аикидо федерацијата на Македонија.
На семинарот кандидатите полагаа за мајсторски појаси: Марија Чавковска – 1 дан, Бисера Бунгурова – 1 дан, Илија Ташев – 2 дан и Антонио Момировски – 3 дан.
[ngg src=”galleries” ids=”1665″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]










