СВо НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа 18-тата „Роднокрајна средба со битолските писатели“ на која присуствуваа писателите: Добре Тодоровски, Светлана Папачек, Сања Видановска-Мучкајева, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Даниела Андоновска-Трајковска, Весна Муднишевска-Вељановска Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски, Петре Димовски, Биљана Димко, Ванде Ганчевски и Илче Стојановски.
Средбата беше од отворен тип на која покрај битолските писатели присуствуваа и ученици од СОУ„Таки Даскало“ и „САБА“Битола.
Средбата ја отвори директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски кој им се обрати на присутните гости, потоа збор зеде поранешниот координатор на средбата Николче Велјановски.
Координатор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски за овогодишната средба на тркалезната маса, ја постави темата „Огледало на мојата душа“, поттикнувајќи ги писателите да творат во нивен стил, во проза или поезија. Присутните гости имаа можност да слушнат творби од роднокрајни писатели кои ги имаа избрано за овој настанот.
На средбата пред писателите со свои лични творби се претставија и дел од учениците, млади поети на кои им значи критиката и мислењето од повозрасните. За крај се разви плодна дискусија на која учениците имаа можност да се запознаат подобро со роднокрајните автори, а писатели на поставените прашања им одговорија дека: случките и спомените кои ги доживуваат секој ден се мотивацијата која тие ја црпат, како и читателите кои ги читаат нивните дела. Битола може да се пофали со голем број писатели кои секојдневно ја претставуваат нашата книжевност и нашиот град, не само во Битола туку и надвор од државата.
Од оваа средба произлезе Зборникот на излагања (18. Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија) кој ќе биде промовиран по повод патрониот празник на библиотека.

Во Библиотеката во Битола се одржа 18. по ред “Роднокрајна средба со битолските писатели“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










