Друштво за македонско – полско пријателство и соработка “Висла” – Огранок во Битола и Државно музичко училиште – Битола, синоќа во Битола, во Офицерскиот дом организираа Шопенова вечер, односно концерт на млади музички таленти од Битола.
На концертот присуствуваа градоначалникот – Тони Коњановски, амбасадорот на Полска во Македонија Krzysztof Grzelczyk, Малгожата Мачковска, претседател на Друштво за македонско-полско пријателство и соработка “Висла“ – Огранок во Битола и други.
На концертот шопенови дела ги изведоа дваесетина млади битолски таленти кои се школуваат во Државно музичко училиште – Битола, Марко Буџаковски, Јана Попрцова – Трајковска, Алексеј Белевски, Јане Петровски, Теона Буџаковска, Деспина Куновски, Јана Стојковска, Лина Димовска, Јана Блажевска, Мила Петровска, Софија Михајловска, Кристијана Илиевска, Анастасија Петреска, Давид Стојчевски, Аница Нелоска, Андреа Николовска, Арсениј Ангелески и Димитриј Стојчевски.
[ngg src=”galleries” ids=”1712″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]











