Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со стрелачките клубови: РЕК и Пелистер од Битола, на 07.11.2023 г. организираa универзитетски натпревари во стрелаштво со воздушна пушка.
Спортската дисциплина која за првпат се одржува на УКЛО обедини над 50 студенти од сите единици на Универзитетот. Воедно, во рекреативниот настан, во посебна категорија учество зедоа и вработени на УКЛО, од наставниот и административен кадар.
Во спортската манифестација активно се вклучи и ректорот, проф. д-р Игор Неделковски. Пред да ги испроба своите стрелачки вештини, на студентите им укажа за важноста и значењето од меѓусебното дружењето и поврзување кои треба максимално да ги користат, бидејќи и најмногу се паметат, како едни од најубавите спомени од студентските денови.
Проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, на најуспешните и најпрецизни учесници им додели дипломи.
Во категоријата студенти најдобри стрелци беа: Стефан Ѓоргиевски од Педагошкиот факултет – Битола, Филип Велјаноски од Правниот факултет – Кичево и Никола Бендевски од Техничкиот факултет – Битола.
Кај ненаставниот кадар со стрелачна прецизност се истакнаа: Јосиф Петровски, професор на Педагошкиот факултет – Битола и вработени од Стручната и административна служба на УКЛО: Горан Русевски и Васко Сиваков.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за своите студенти и вработени до крајот на календарската година ќе организира натпревари во традиционалните дисциплини: шах, пинг-понг и пикадо и како новина, одржувањето на универзитетски натпревари во куглање.

Успешно одржани универзитетските натпревари во стрелаштво (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Во Битола облачно и постуденот, температурата до 18 степени
More from СпортMore posts in Спорт »
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола









