Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј со победа во Тетово се врати во Битола и го презеде врвот на табелата

Бами Кор – Пелистер Волеј 1:3 (18:25; 25:22; 19:25; 20:25)

Екипата на Пелистер Волеј од Битола се враќа од Тетово со посакуваните 3 бода совладувајќи го непоразениот Бами Кор во еден супер дуел со многу убави поени и борба до последен здив. Со оваа победа екипата на Пелистер Волеј го презема првото место и со оглед на распоредот кој го има до крајот може да очекуваат дека ќе бидат и есенски прваци.

За оваа победа која им го донесе првото место, тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски вели:

-Честитки за нашите девојки за покажаната игра, за послушноста и за издигнувањето после несреќниот пораз минатото коло, со што се враќаме на посакуваниот колосек на пат кон врвот. Во првиот сет бевме апсолутно доминантни во секој сегмент од играта кој го добивме со 25:18. Во вториот сет влеговме во проблеми и мал пад на енергијата, за потоа да успееме да фатиме приклучок кон крајот на сетот, но се чинеше предоцна и на семафорот беше 1:1 Во третиот сет започнавме доста лошо, но ја препознавме намерата на противникот за кој воочивме дека многу добро, одлично ја анализирал нашата игра, па со неколку измени го променивме целиот тек на сетот кој се чинеше невозможна мисија, за на крај да го добиеме сетот со 25:19. Четвртиот сет се чини дека екипата на Бами Кор фрли сѐ на една карта и тргна на сѐ или ништо, што беше пеколно тешко да се одбие таквиот агресивен противник, но не променувајќи ништо до самиот крај и верувајќи во концептот, издржавме и ја одвративме првопласираната екипа на Бами Кор да направи комплетна неизвесност.

Пелистер Волеј освои поени од 12 аса и тоа што најмногу радува 9 директни блока. Поените денес ги освоија:Стефани Најдановска 14, Лиле Лозановска 13, Ивана Белокозовска 12, Мила Андоновска 9, Софија Проковиќ 4, Билјана Јаковлевска 4, Евгенија Јовчева 1, Марија Димитровска 1 и Христина Трајчевска 1.

More from СпортMore posts in Спорт »