Press "Enter" to skip to content

Вечерва ретро журка Орфеј No5 и ди-џеите подготвени за диско ритам, полн подиум и добра забава со хитовите од 70, 80 и 90 години

Се е подготвено за ретро журка Орфеј, секако најголем придонес и заслуга на органзаторите за ентузијамот за да оваа журка стане и еден вид бренд на град Битола. Токму, бренд заради големиот интерес која пробуди оваа петта по ред ретро журка “Орфеј“ – зимска. Се бара карта повеќе за да се влезе. Овој пат подготвени се и изненадувања.

Марио Трифуновски, сопственик ноќен клуб “Расчекор“, за оваа ретро забава вели:

-Повторно ретро забава и како да се вратив и потсетив на овој период зима 80 години, едни од во најдобрите на диско Орфеј. Ние неколку ентузијасти, органзиравме забави или журки со дрес код. Тогаш се организираа по две во вечер за помлада популација и повозрасни. За да се влезе и присуствува на оваа забава се бараше карта повеќе и достигаше висока цена. Забавите беа тренди. Како што битолчани се познати по мода, тогаш и навистина се докажуваше тоа. Скоро секој доаѓаше со свој имиџ според и музиката која ја слушаше. Бидејќи тие 80 години беа популарни групите од “New Wave“ бранот како “Duran Duran“, “Spanday Balet“, “Ultravox,Talking head“, “Culture Club“ имаше модни изданија на кошули бели, вратоврски, сакоа…шминкерски, панк… Што во тој период беше неазмисливо, бидејќи најголемиот дел од младите се облекуваа кежуал, спортски. Затоа тоа беше едно излегување од рамките на нормите кои ги наметнуваше средината. Особено ќе кажам за машкиот дел. Женските се одсекогаш  предотерани и прубави како што се и денес  нашите битолчанки.Голем дел од нив ќе дојдат и вечерва.

Драги Лажијовски – Брус Ли, додава:

-Јас сум припадник на генерацијата од првите почетоци на диско Орфеј во 70 години кога важеше  правилото „Влез саде парој“. Бидејќи во тој период излегуваа претежно машки, така беше времето, на женските не им се дозволуваше. Сепак беше патријархална средината. Но накој интересен начин макар и хумористичен, допринесоа за да се спаруваат младите како што и личеше. Тука можеби на еден начин родова еднаквост се прокламираше кажа низ шега  Драги Брус Ли.

За диско забавата ќе се погрижа ди-џеите Николче Терзиовски, Иле Косата, Кекел и Фичо.

Жанета Ристевска 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »